20/04/2024
Македонија

Ден на независноста – 8 Септември – Заедно одиме напред!

Денот на независноста – 8 Септември е еден од најважните датуми во историјата на Република Македонија. Оваа година, Денот на независноста го одбележуваме заедно, под отворено небо, во дворот на Владата на Република Македонија.

Ќе уживаме во музиката на оркестарот на Македонската филхармонија, заедно со Тамара и Тијана, кои ќе ги изведат најубавите македонски евергрини, како и маестро Џијан Емин, кој ќе го изведе проектот „Оригинатор“ на продуцентот на електронска музика, Хуан Аткинс. 

Ќе настапат и познатите домашни ДЏ-и, Феки Фарис и Огнен Узуновски Оги. За најмладите, забавата ќе ја обезбеди 5+ Бенд. На настанот ќе се обрати и Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

Детална агенда:

  • 18:00 – 19:00 5+ Бенд – детски концерт 
  • 19:00 – 19:30 Огнен Узуновски Оги (DJ сет) 
  • 19:30 – 20:10 Македонска филхармонија со Тамара и Тијана (во живо) – македонски евергрини
  • 20:10 – 20:30 Обраќање на претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев 
  • 20:30 – 22:15 Македонска филхармонија и Емин Џијан (во живо – Оригинатор музика продуцирана од Хуан Аткинс/САД)
  • 22:15 – 23:15 Феки Фарис (DJ сет) 

Се гледаме на 8 Септември, во 18 часот, пред Владата на Република Македонија!

Се гордееме со минатото и гледаме кон иднината! Заедно одиме напред!