Денес и утре – денови на жалост во земјава

Синоќа на вонредна седница, Владата донесе одлука со која ги прогласи 14 и 15 февруари за денови на жалост, поради тешката сообраќајна несреќа која се случи вчера попладне на патот Скопје – Тетово.

Животите ги загубија 14 наши сограѓани, од кои 7 наши сограѓани починале на лице место на несреќата, 37 лица биле хоспитализирани во болницата „8 Септември“, 6 од тие 37 лица се починати во „8 септември“. Во „Свети Наум Охридски“ почина 1 лице, 2 лица биле пренесени во Тетово и се во добра состојба, а едно лице е на домашно лекување од Гостивар, во „Мајка Тереза“, 8 лица од кои 3 се со сериозни повреди.

До сообраќајната несреќа дошло кога автобус на „Дурмо-турс“ од Гостивар, кој сообраќал на правец од Скопје кон Гостивар, од непознати причини излетал од патот и  преминал на спротивната коловозна лента, ја пробил заштитната банкина  и се превртил под стариот пат Скопје – Тетово во близина на село Ласкарци.

WebOhrid