29/03/2024
Македонија

Денес и утре, свечености во чест на Денот на албанската азбука

Денот на албанската азбука, 22 Ноември, на 109 – годишнината од Битолскиот конгрес на кој таа била стандардизирана, ќе се одбележи со повеќе активности под покровителство на заменик-претседателот на Владата на Република Македонија Хазби Лика. Државниот секретар во Министерството за култура и координатор на активностите, Валмир Азири најави дека денес, 21 ноември, во Битола се одржува научна трибина со учесници – истражувачи на албанологијата од државни институции во Македонија, Косовo и Албанија…

Државниоот секретар Азири посочи дека активностите за Денот на албанската азбука почнаа уште на 14 ноември, кога група уметници во Битола ја започнаа уметничката колонија, на која се сликаат портрети на 11 членови на Комисијата на Битолскиот конгрес.

Утре, на 22 ноември, ќе биде посетен Музејот на азбуката во Битола, а целиот настан ќе заврши со свечен концерт кој се организира секоја година по овој повод. Ќе присуствуваат истакнати личности Албанци, членови во Владата, како и претставници од меѓународната заедница. Азири информираше дека на 22 ноември во Владата на Република Македонија ќе им се оддаде почит на доајените на образованието на албанскиот јазик.

На 14 ноември 1908 година во Битола бил свикан Битолскиот конгрес со цел да се создаде унифицирана азбука. На конгресот присуствувале мнногу делегати, кои дошле од сите делови на регионот кадешто живеат Албанците, како и од албанските заедници во Романија, Италија, Турција, Египет, Америка итн. Претседател на Конгресот бил албанскиот дипломат, писател и политичар Митхат Фрашери.