23/04/2024
Македонија

Денеска се потврдени 40 нови случаи на КОВИД-19, оздравени се 11 пациенти, почина 1 лице

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти во: Скопје 2, Штип 1, Прилеп 4, Велес 2, Кочани 2.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје состојби почина 56 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 12 мај.

Во изминатите 24 часа направени се 549 тестирања, а регистрирани се 40 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје 26, Куманово 1, Прилеп 1, Тетово 10, Велес 1, Битола 1.

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти од КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.898, бројката на оздравени пациенти е 1.378, на починати е 111, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 409. 

Последната дистрибуција по градови е:

  • Скопје 673, активни 169
  • Куманово 419, активни 23
  • Дебар 51, активни 0
  • Штип 38, активни 3
  • Прилеп 204, активни 55
  • Тетово 161, активни 73
  • Струга 71, активни 5
  • Велес 127, активни 52
  • Битола 28, активни 9
  • Охрид 21, активни 6
  • Кавадарци 5, активни 0 
  • Гостивар 21, активни 4
  • Гевгелија 4, активни 0
  • Струмица 3, активни 1
  • Крива Паланка 6, активни 1
  • Радовиш 4, активни 0
  • Крушево 3, активни 0
  • Кочани 31, активни 1
  • Пробиштип 2, активни 0
  • Кичево 2, активни 0
  • Неготино 9, активни 2 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија) 
  • Демир Хисар 1, активни 0
  • Македонски Брод 2, активни 0
  • Пехчево 3, активни 1
  • Делчево 1, активни 0
  • Валандово 1, активни 0
  • Виница 3, активни 1
  • Кратово 2, активни 1
  • Берово 1, активни 1
  • Свети Николе 1, активни 1

Направените 549 теста се преку: ИЈЗ 302, Ветеринарен факултет 25, Авицена 24, Биотек 36, Филип Втори (Жан Митрев) 42, Систина со PCR метода 26 и МАНУ 94. Досега во земјата се направени вкупно 23.316 тестирања на КОВИД-19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 209 теста се во рамките на скринингот. Денеска е потврден 1 позитивен случај вработен во градинка во Скопје.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 7 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 49 пациенти. На кислородна поддршка се 19, на механичка вентилација се 2 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 25 пациенти. На респиратор се 3, a со потешка клиничка слика се уште 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 45 пациенти, позитивни и сомнителни на КОВИД-19.