25/04/2024
Охрид

Денот на пролетта и Денот на екологијата одбележани во ОУ „Братство – Единство“

Денот на пролетта, Денот на екологијата – 21 март, учениците од ОУ„Братство – Единство“ го одбележаа со низа активности. Се реализираа интегрирани часови со еколошки содржини и други вон наставни активности.

Учениците од V- 4 одд изработија свои еко беџови и спроведоа кратка прошетка по улиците во близина на училиштето.

Тие го почувствуваа здивот на пролетта и се восхитуваа на убаво уредените дворови. И покрај дождливото време сепак ја продолжија традицијата – го поздравија доаѓањето на пролетта и будењето на природата.