Денот на шегата одбележан во ОУ „Григор Прличев“

Први април „Денот на шегата“ е еден од најомилените денови на децата. Ден кога се празнува среќата, смеењето, маскирањето и шегата. Учениците од ОУ „Григор Прличев“ како во подрачното училиште во населба Рача, така и во централното во Охрид го одбележаа празникот со низа активности.

Во населба Рача на 30.3.2018 (петок) учтелките од одделенска настава организираа првоаприлска прослава со разиграно, весело дефиле на маски. Очигледно беше задоволството на учениците кои со голема љубов ги имаа поготвено маските за настанот.

Денес, 02.04.2018 (понеделник), учениците од одделенска настава од централното училиште го одбележаа денот ставајќи свој печат на оваа убава традиција.

This slideshow requires JavaScript.