Депонирани абразивни средства на повеќе пунктови

На повеќе локации  депонирани се вреќи со сол и ризла кои нашите служби и жителите можат да ги користат превентивно за справување со голомразица и снежни врнежи и тоа: „Стар Град„, У.З.„Гоце Делчев„ (бараки), по сите воспитно-образовни институции на територијата на општина Охрид, покрај фреквентните сообраќајниции и руралните подрачја кои се наоѓаат на поголема надморска висина и  тоа:  с.Елшани, с.Долно Коњско, с.Рача, с.Рамне и с.Велестово.