20/04/2024
Спорт

Дербито помеѓу Лихнид и Металург ќе има хуманитарна цел

Женскиот ракометен клуб Лихнид од Охрид, утре (27.10.2018) со почеток во 20:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе го одигра првенствениот натпревар од третото коло во младинската женска ракометна лига на Македонија против екипата на Металург.

Двете екипи кои моментално се на врвот од табелата ќе ги одмерат силите во спортската сала во Охрид, а дербито ќе има хуманитарна цел. Имено, сите средства кои ќе бидат собрани од влезниците ќе бидат уплатени за помош при лекувањето на нашата сограѓанка Сара Настеска. Цената на влезниците ќе биде симболична односно 30 денари.

Сите љубители на спортот, но и сите хумани охриѓани ќе можат да дојдат да ги бодрат охридските ракометарки и да помогнат во собирањето средства за лекување на Сара.