25/04/2024
Македонија

Дескоска и Перкс ја потпишаа Годишната програма за соработка со УНИЦЕФ

Министерката за образование и наука, проф. д-р Рената Дескоска и претставникот на УНИЦЕФ, г. Бенџамин Перкс, ја потпишаа Годишната програма за соработка за 2018 година, која ќе биде остварена помеѓу Министерството за оразование и наука и УНИЦЕФ.

Станува збор за годишна програма преку која УНИЦЕФ ќе го поддржи Министерството за образование и наука и другите релевантни институции во заедничките напори за подобрување на квалитетот на образовниот систем.

foto 3

Програмата за годишна соработка предвидува поддршката да биде насочена кон подобрување на системот за обезбедување квалитет преку спроведување на анализа на пристапите за оценување и евалуација во земјата, зголемување на капацитетите на училишното раководство и поттикнување на конкурентност кај младите луѓе.

Понатаму, УНИЦЕФ ќе обезбеди поддршка во развoj на стратегии за  воведување на образование коешто ќе придонесе за градење вредности кај младите и за  професионален развој на наставниците за примена на нови наставни приоди и методологии.

foto 2

Активностите, исто така, ќе бидат насочени кон поддршка на стекнување знаења и вештини на клучните учесници во образованието и подигнување на свеста за важноста на учеството на децата, семејствата и заедниците во инклузивно и квалитетно образование.