Дескоска: Развоен буџет за поквалитетно образование

Прес конференција,  Рената Дескоска, министерска за образование и наука во Владата на Република Македонија

Водејќи се од начелата на одговорно, транспарентно и отчетно владеење, ја одржуваме оваа прес конференција со цел да ви овозможиме поголем увид во целите кои сакаме да ги постигнеме во образованието за 2018 година.

Буџетот на Министерството за образование и наука за 2018 година го гледаме како развоен буџет, со кој ќе инвестираме во квалитетот на образованието и ќе обезбедиме подобри услови за сите.

Вкупниот буџет на МОН за 2018 година изнесува 25.002.838.000 денари, односно 406.555.211 евра, што претставува зголемување од 5% во споредба со лани. Гледано во рамките на вкупниот буџет на Република Македонија, буџетот на МОН учествува со 11.8%.

Поделен по нивоа на образование и дејности, буџетот на Министерството за образование и наука изгледа вака:

Околу 45% од планираните средства од вкупниот буџет на МОН, се предвидени за финансирање на потребите на основното образование. За високото образование 26% од буџетот на МОН, за средното образование се предвидени околу 19% од буџетот, за ученички и студентски стандард 6%, додека пак за наука и научните институти се предвидени 2% од буџетот. За администрацијата се одвојуваат околу 1,8%, и 1 процент се однесува на останатите проекти.

Најзначајната инвестиција во делот на основното и средното образование се предвидените средства за изготвување на нови и квалитетни учебници. Треба да се има предвид дека пишувањето на учебници е сериозен и долг процес. Затоа сакам да најавам дека предност во процесот ќе му дадеме на квалитетот, а не на времето за изработката на учебниците.

– Училниците конечно ќе добијат нови и современи лаборатории. Во овој буџет предвидовме средства за опремување на лабораториите за физика и хемија во основните и средните училишта.

– За првпат се обезбедува поддршка за учество во меѓународни научни олимпијади и меѓународни натпревари за основното и средното образование во износ од 9.200.000 денари.

– Воведуваме проект кој ќе ги стимулира најдобрите основни и средни училишта. За таа цел предвидуваме 6.000.000 милиони денари за најдобрите основни училишта и 6.000.000 денари за најдобрите средни училишта.

– Во делот на средното образование овозможивме вработувања на нови стручни лица – дефектолози, медицински лица, логопеди, социјални работни и наставници за изменети програми за учениците со посебни образовни потреби.

Ученички и студентски стандард

– Вкупните издвоени средства за ученички и студентски стандард се 1 милијарда и 270 милиони денари.
За првпат се обезбедуваат 80 милиони денари, од кои за реконструкција на ученичките домови, се обезбедуваат 30 милиони денари, додека пак за опремување на ученичките домови се обезбедуваат 50 милиони денари.
– За студентскиот стандард се планирани 660 милиони денари, што претставува подобрување на буџетот од 2017 година за повеќе од 50 милиони денари.

За капитални инвестиции во образованието, во буџетот за 2018 година има предвидено вкупно 2.140.024.000 милиони денари. Од нив, за изградба и реконструкција на основни и средни училишта се обезбедуваат 282.600.000 денари во 2018 година.

Капитални инвестиции во основно и средно образование

– За изградба и реконструкција на основни училишта се обезбедуваат 212 милиони денари.
– изградба на основни – 162 милиони 600 илјади.
– реконструкција на основни – 50 милиони.
– изградба на монтажни основни училишта 10 милиони денари
– За изградба и реконструкција на средни училишта се обезбедуваат 70 милиони денари.
– Изградба на средни училишта се одобруваат 40 милиони денари
– Реконструкција на средни училишта се одобруваат 30 милиони денари
За реконструкција на посебните основни и средни училишта се обезбедуваат средства во износ од 20.000.000 денари. За опремување на посебните основни и средни училишта се обезбедуваат 10.000.000 денари.

За изградба на спортски сали во основните училишта се обезбедени 248.458.000 денари, додека пак во средното образование се предвидени 68 милиони денари.

Посебен фокус ставивме и во подигнувањето на квалитетот на високото образование. Во 2017 година, основниот буџет за високото образование изнесувал 2.553.668.000, а за 2018 година се предвидува зголемување од половина милијарда денари, зголемување од 20 проценти, односно буџет од 3.071.133.000.

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“– било 1 милијарда 245 638, сега има 1 милијарда 352 174, тоа е за 106 милиони денари или 8.55% повеќе.

Универзитет „Св. Климент Охридски“– било 257.456 милиони, сега има 296.421 милиони, или повеќе за 39 милиони, во проценти изразено 15% повеќе.

Државен универзитет во Тетово – било 383.846 милиони, сега е 330,346 милиони денари, поради зголемено финансирање во изминатите години.

Универзитет „Гоце Делчев“– имал 259 милиони денари, сега има 270.460 милиони денари, повеќе за 11 милиони денари, 4.22% повеќе.

Универзитет „Мајка Тереза“ – Имало 60 милиони, сега има 288.388 милиони денари, повеќе за 18 милиони или 30% повеќе.

Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, од 48.800 милиони на 92.720 милиони денари. 44 милиони денари повеќе.

За високото образование се предвидени капитални инвестиции:

ФИНКИ и ФФК 150 милиони денари, оваа година се обезбедени 200 милиони денари (поради спората реализација изминатите години);

УКИМ – 59 милиони денари во 2018 година, 9 милиони во 2017 година – зголемување од 555%;

УКЛО – 31,5 милион во 2018 година, 6 милиони и 900 во 2017 година – 354%;

УГД – во 2017 – 29 милиони денари, сега има 27 милиони денари (поради зголемено финансирање изминатите години);

УМТ – предвидени 215 милиони денари поради основање на нов универзитет (обезбедени за изградба на нов универзитет);

ДУТ – 90 милиони имал во 2017, во 2018 ќе има 33 милиони денари (поради зголемено финансирање изминатите години);

УИНТ – 8.5 милиони денари во 2017 година, сега има 50.5 милиони (зголемување за 494%).

Станува збор за развоен буџет во кој акцентот го ставаме на обезбедување на квалитет на наставата, што ќе значи зголемени блок дотации за училиштата, понатаму зголемување на платите на професорите е тендција која треба да се задржи и за годините кои доаѓаат, вложување во ученичкиот и студентскиот стандард, средства наменети за изработка на нови учебници и современи лаборатории и зголемени средства за капиталните инвестиции во високото образование.

Целосната презентација можете да ја видите на следниов линк.