29/03/2024
ОхридСпорт

Детска трка во рамки на спортската манифестација Охрид трчаТ

Момчиња и девојчиња од  ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ учествуваа на Детската трка, која беше одржана денеска во рамки на овогодинешното издание на Спортската манифестација „Охрид трчат“.

На дечињата кои најбрзо ја истрчаа трката и први стигнаа до целта им беа доделени признанија од страна на Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески.

Според организаторите, оваа трка има за цел да го промовира трчањето, спортот и здравите навики кај децата уште од најрана возраст.

Одржувањето на Детската трка беше поддржано од Делегација на Европската Унија, Општина Охрид, Агенцијата за млади и спорт и Фондацијата „Климент Колески“.

Официјалната програма од Спортскиот атлетски викенд „Охрид трчат“ ќе започне на 31-ви мај, а главните трки ќе се одржат на 2-ри јуни 2019 година.