24/04/2024
Охрид

Детската недела се одбележа во ОУ „Живко Чинго“, Велгошти

По повод Детската недела, 5-ти Октомври – Денот на учителот и претстојниот празник 11-ти Октомври во Основното училиште „Живко Чинго“, Велгошти денеска се одржа свечена приредба. На приредбата и претходеше уредување пригодна изложба со цртежи од ученици на трите теми, а исто така и читање на предавање за Правата на детето на состанокот на Детската организација, на кој присутните покрај предавањето, беа запознати со припремите и подготовките за претстојната приредба.

„На 05-ти Октомври се одржа свечената приредба. На неа настапија учениците од нашето училиште со песнички, стихотворби, ритмички точки и рецитали на тема „Учителка“ , „Детство“ и „11-ти Октомври“. На крај на приредбата првачињта ја дадоа својата заклетва со што станаа членови на Детската организација.“-информираат од ОУ „Живко Чинго“, Велгошти.