25/04/2024
Охрид

Детската градинка „Јасна Ристеска“ го одбележа патронатот

Во спортската сала „ Билјанини извори“ , вечерва со атрактивна детска програма, ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ го одбележа својот патронен празник, 7.Ноември- Денот на ослободувањето на Охрид. На свеченоста се обрати градоначалникот Јован Стојаноски.

Особено сум почестен, што вечерва сум со Вас, во оваа сала полна со детски жагор, среќа и креативност.Честит нека биде патрониот празник на Јавната општинска установа- Детска градинка „Јасна Ристеска“, со желби за многу успеси и јубилеи и што повеќе дечиња кои ќе ја почуствуваат убавината на престојот, дружењето и воспитувањето во детската градинка.

Човек не може да остане рамнодушен од оваа атмосфера во која татковците и мајките кои како деца биле во градинката „Јасна Ристеска“, вечерва како родители се дојдени да ги погледаат и да се радуваат на креативните настапи на своите синови и ќерки. Токму преку креативните програми во кои учествуваат децата може да се види и пофали работата на воспитувачите и сите вработени во градинката.

Јас како градоначалник, заедно со моите соработници, ветивме и ќе ги остваруваме ветувањата, дека и покрај потешкотиите, посебно внимание ќе посветиме на најмладите и на нивното згрижување и воспитување. Ќе вложуваме во подобрувањето на условите, зголемувањето на капацитетот и кадровското екипирање на Детската градинка „Јасна Ристеска“ .Се надеваме дека во соработка со надлежните органи на Владата , постојано ќе внесуваме нови, современи и проверени практики кои ќе придонесат за подобра грижа и воспитување на најмладите.

Оваа специфична убавина и амбиентот, во кои главна улога имаат најмладите е нашата иднина, затоа посебно Вам, на најмладите Ви посакамувам здраво, среќно и весело детство“– рече градоначалникот Јован Стојаноски.