Девојче нападнато од куче – домашен миленик

На 11 декември оваа година, во 20 часот, А.М.(39) од Охрид, пријави дека неговата 14 годишна ќерка, на улицата „Железничка“ во Охрид била нападната од куче-домашен миленик. Малолетничката, била пренесена во Општата болница во Охрид каде и биле констатирани повреди на левата потколеница.

По преземени мерки, СВР Охрид го идентификува С.С. (61) од Охрид како сопственик на кучето и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.