20/04/2024
Охрид

Директен видео стрим од свечената Академија

Во насока на максимална транспарентност и отвореност кон јавноста на Општина Охрид, а со цел да се промовираат соодветно активностите во чест на Св. Климент Охридски – Патронот на градот, од Општина Охрид информираат дека вечерва од 20:00 часот ќе биде обезбеден директен видео стрим од свечената Академија.

Видео преносот од манифестацијата која ќе се одржи во дијамантската сала на хотелот „Инекс“, а на која свечено ќе се доделат највисоките годишни награди, ќе започне во 20:00 часот, а сите медиуми ќе можат слободно да го користат на својата програма за емитување во живо или одложено.

https://www.youtube.com/watch?v=UTR0rDWruYg