19/04/2024
Македонија

Дискусии и работилници за современ танц во Кино Култура

Локомотива- Центар за нови иницијативи во уметноста, денес и утре во Кино Култура организира дводневен настан посветен на современиот танц …

Во рамките на овој настан ќе се претстават кореографски дела и дела во процес од млади кореографи и изведувачи од независната танцова сцена во Македонија.

Специјални гости на настанот се претставници од европската мрежа во рамките на програмата “Encounter”, организирана од Кино Шишка, и од Номад танцовата акдемија.
Вечерва во 19 часот презентации ќе имаат Скопје танцов театар, потоа Интерарт –културенниот центар во процес соВалентино Апостоловски, потоа „Мунлајт“, со Александар Георгиев и Дарио Барето Дамас.

Утре, во 10:30 часот ќе се одржат презентации за современиот танц, и за политиките во танцот, како и дискусија на ситуацијата на танцот во Македонија со студенти, изведувачки, кореографи, претставници од Министерство за култура, и гости, модерирана до Биљана Тануровска Ќулавковски од „Локомотива“- Скопје.