Дизелот поевтинува за еден денар

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика на Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,21%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 22.01.2018 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, не се променува, односно остануваат на исто, ниво како што била утврдена со Одлуката од 22.01.2018 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,50 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 22.01.2018 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 59,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 48,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,807 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 22.01.2018 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 29,099 ден/кг.