19/04/2024
Македонија

Доделени стипендиите на студентите Роми

Веќе трета година Министерството за образование и наука доделува стипендии за студенти Роми кои учат на јавните и приватните факултети во Македонија.

Денеска, 22.02.2018 година, 90 студенти Роми потпишаа договори за доделување на стипендија за студиската 2017/18 година.

Доделувањето на стипендиите за студентите Роми е дел од програмата за унапредување на високото образование на Ромите во Р. Македонија која е во согласност со стратешките насоки на Националната стратегија за вклучување на Ромите 2014 – 2020 година и Акцискиот план за образование за периодот 2016 – 2020 година.