29/03/2024
Охрид

Донација од Гете Институт за наставата по германски јазик во ОУ „Григор Прличев“

Гете Институт е културна институција на Сојузна Република Германија, која има за цел да го афирмира учењето на германскиот јазик низ светот, да ја унапреди наставата по германски јазик и стручната компетенција на наставниците по германски јазик.

Ова чилиште е едно од трите партнер училишта вклучено во проектот PASCH – „Училишта: партнери на иднината“. PASCH претставува мрежа од повеќе од 2000 училишта ширум светот, која преку атрактивни образовни програми придонесува за постојано усовршување на учениците и наставниот кадар, размена на идеи, мислења и меѓусебна соработка.

„Поддршката што нашето училиште постојано ја добива од Гете Институт се однесува на опремување на кабинетите по германски јазик со техничка опрема и наставни материјали, организација на обуки за наставниците, доделување на степендии како за наставниците така и за учениците. Овојпат Гете Институт- Скопје подари многу вредна донација- куфер со 10 iPAd-и, кои имаат различни апликации за поинтересно и покреативно изучување на германскиот јазик. А во најава е и една интерактивна табла, која ќе можат да ја користат учениците во наставата во германски јазик.“ – изјави Билјана Атанасовска, наставник по германски јазик.

Изминатата недела Гете-Институт во соработка со „Прв извиднички одред“ – Скопје организираше еко-работилница, чија цел беше подигнување на еколошката свест на учениците и изработка на мал еко систем. А истовремено и хортикултурно беше уреден еден дел од училишниот двор.