18/04/2024
Македонија

Донација од кинеската полиција за вработените во Министерството за внатрешни работи

Во рамки на повеќедецениската и извонредно добра билатерална соработка со кинеската полиција, a на претходно барање и остварена комуникација од страна на министерот Чулев, денеска преку амбасадата на Народна Република Кина во Скопје добивме донација во медицинско-хигиенски материјали наменети за заштита на нашите вработени кои што како што е познато заедно со здравствените работници се на првата линија во справувањето со актуелната епидемиолошка состојба предизвикана од т.н. корона вирус “Ковид 19“.

Овој денешен чин е уште еден показател за важноста и значењето на поддршката и пред се солидарноста меѓу државите особено кога се во прашање заканите кои глобални импликации, и чии што последици можат да бидат погубни , доколку не се реагира соодветно, благовремено и бескомпромисно.

Во свое и во име на Министерството за внатрешни работи министерот Чулев изрази благодарностна пријателите од НР Кина за оваа хумана и за нас потребна донација со надеж дека и во периодот што претстои ке можеме да се потпреме едни на други во насока на глобално надминување на оваа пандемија.