28/03/2024
Охрид

Донесено решение за отстранување/рушење на бесправна градба на улицата „Марко Нестороски“

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Р.К.(38) од Охрид, со привремено престојувалиште во Пенсилванија-САД.

Во текот на мај оваа година, пријавениот, на катарстарска парцела на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид, како инвеститор започнал да врши градба на индивидуална станбена куќа на сопствено земјиште без одобрение за градење.

Од страна на службените лица од општинскиот градежен инспекторат-Охрид извршен е увид за што е изготвен записник и донесено е решение за отстранување односно за извршување-присилно административно рушење на бесправната градба.