16/04/2024
Македонија

Донесено Упатство за медиумско претставување за време на референдумот

На денешната 34-та седница, Советот на Агенцијата го донесе Упатството за медиумско претставување за време на референдумот.

Во Упатството се содржани правилата за комерцијалните радиодифузери и јавниот радиодифузен сервис, во однос на начинот на известување и медиумско претставување во дневно информативните емисии, посебни информативни и други програми, правилата за објавување резултати од испитувања на јавното мислење, платената јавна пропаганда, известувањето во деновите на референдумскиот молк.

Упатството за медиумско претставување за време на референдумот е достапно на следниот линк