29/03/2024
Охрид

Донев: Јорданоски јавно да се извини во рок од 24 часа, во спротивно ќе биде покрената соодветна тужбена постапка

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, Сашо Донев испрати демант во врска со денешната прес-конференција на ГДУ – Охрид.

„Портпаролот на ГДУ Охрид го допре дното. Не знаејќи како да го подобри рејтингот на својата партија почна да се служи со лаги и невистини на најнизок начин, предизвикувајќи повреда на честа и угледот на споменатите лица на својата клеветничка прес-конференција.

Го повикувам да ја праша јавно директорката на ЈЗУ „Општа болница“ – Охрид зошто за доктори не се примени највисоко рангираните кандидати туку примила послабо рангирани кандидати по нечија директива.

Имено, на конкретниот конкурс кој се споменува не беа примени ни најдобро рангираната кандидатка, ни мојата сопруга, токму заради партиска неподобност. Примени беа доктори со понизок успех на тестирањата, додека објавената табела е табела на освоени бодови од успех, стручен испит и странски јазик, а не листа на избрани кандидати.

Го повикувам согласно Законот јавно да се извини во рок од 24 часа на начин и место како што беа првично дадени лажните тврдења, во спротивно до надлежниот суд ќе биде покрената соодветна тужбена постапка.“ – стои во демантот од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.