24/04/2024
Охрид

Донев: За СДСМ и Георгиески посветеноста за проблемите на граѓаните е само лага пред избори

Денес во просториите на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид се одржа прес-конференција на која говореше претседателот на Општинскиот комитет, Сашо Донев.

„Со СДСМ и Константин Георгиески на власт – Охрид тоне во безизлез. Власта за Охрид покажа непочитување, исто како што покажа и за сè друго.

Георгиески водејќи се од девизата, 100 пати повторена лага станува вистина ја потценува интелигенцијата на охриѓани. За СДСМ и Георгиески посветеноста за проблемите на граѓаните е само лага пред избори затоа што откако ќе дојдат на власт забораваат на дадените ветувања.

Охрид ги дочека гостите во сообраќаен хаос, раскопани улици, блокирани улици, тротоари, пешачки и велосипедски патеки. Урбаната опрема повторно поставена насекаде низ градот без никаков ред. Ништо од пријатно место за прошетка и одмор на туристите и граѓаните.

Улиците и позначајните сообраќајници низ градот и понатаму се во катастрофална состојба, а СДСМ и Георгиески за неколку гласови асфалтираат тесни улички и приватни сокачиња.

Нефункционирањето на рампите во центарот на Охрид само ја потврдува погрешната политика на локалната власт мислејќи дека ќе го намалат револтот на граѓаните со тоа што рампите стојат кренати токму во кампањата за локалните избори.

Дали СДСМ и Георгиески одговорно го слушаат и го разбираат крикот за чист воздух со исечените здрави дрва кај музичкото училиште „Методи Патчев“?

Беззаконието го гледаме на секој чекор, а надлежните се немоќни и не можат да се справат исто како што не можат да воведат ред со дивоградбите. Власта мора да понесе одговорност за сите овие неправди кон граѓаните.

Охрид е многу повеќе од лагите и неостварени ветувања на СДСМ. На Охрид му треба градоначалник кој ќе ги решава секојдневните проблеми на граѓаните. Охриѓани знаат како да се однесуваат кон оние кои имаат респект кон нив, а како кон оние кои ниту ги почитуваат, ниту ги штитат туку ја потценуваат нивната интелигенција.

Затоа бројот 5 на 5 мај е единствената опција за охриѓани. 5 за убав град. Охрид повикува!“ – истакна Донев.