Донирани топки во ОУ „Дебрца“

Денес во ОУ „Дебрца” беа донирани беа спортски реквизити (топки) за часовите по физичко воспитание.

Донацијата е од Boots for Balkans од Мелбурн, Австралија, наши иселеници кои несебично помагаат активности во татковината, особено во областа на училишниот и младинскиот спорт. Во нивно име донацијата ја предаде координаторот Тодорче Кулја, од село Црнобуки, Битола, а ја примија учениците со нивниот наставник по физичко воспитание, Горан Цветковиќ.

Во име на Општина Дебрца на донаторите посебна благодарност им изрази и градоначалникот Зоран Ногачески.