Дополнително повлечени количини млечна храна за доенчиња на Лакталис

Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите за повлекување и отповикување на производот, млечна храна за доенчиња со трговско име Picot SL. и тоа производите од брендот Picot SL Celia Prema, Celia Digex -12, Celia Expert 2 со сериски броеви: 17С0013095; 17С0012806 и 170012838 по потекло од Франција, фабрика Лакталис, а увезени во Република Македонија преку фирмата Промедика ДООЕЛ од Скопје.

Информацијата е добиена преку РАСФФ системот за брзо информирање за небезбедна храна на Европската Унија.

Потрошувачите кои веќе ги купиле овие производи не треба да ги консумираат и истите можат да ги вратат на местото каде што ги купиле.