28/03/2024
Охрид

Драгана Лукан Николоски е автор на наградениот расказ на конкурсот „Живко Чинго“

Драматургот Драгана Лукан Николоски е авторот на расказот „Пад на системот или Како балканските народи сфатија дека Бог можеби и не постои“, кој годинава, од страна на стручното жири беше издвоен како најдобар.

Драгана Лукан Николоски

Лукан Николоски е автор на повеќе драми и сценарија, меѓу кои се Балканизација, Пинокио и Црвенкапа во потрага по Аладиновата ламба, Треперење помеѓу две подадени дланки, Сè ќе биде добро и други.