16/04/2024
Македонија

Државна делегација на свеченост во Приштина по повод 10 години независност на Косово

Во чест на одбележувањето на десет години од прогласување на независноста на Косово, државна делегација на Република Македонија во состав, Претседател на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, заменик на претседателот на Владата, задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем, Хазби Лика, Заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за здравство, Венко Филипче, вечерва присуствува на свечена седница во Собранието во Приштина, како и на свечен прием во организација на Претседателот на Косово, Хашим Тачи.

Владата на Република Македонија им го честита јубилејот на нашите соседи и им посакува развој, просперитет и успех во градење на добрососедски односи, кои ќе придонесат кон интеграција во ЕУ на целиот регион.