19/04/2024
Македонија

Државната секретарка Несторовска на регионална конференција во Атина

Делегација на Република Македонија предводена од државниот секретар на МВР и Национална координаторка за борба против трговија со луѓе и илегална миграција м-р Магдалена Несторовска, на покана на ОБСЕ, учествуваше на Регионална конференција во Атина на тема “Превенција на трговијата со луѓе во јавните набавки, низ призмата на успешни владини политики и практики “

На маргините на средбата, беше одржана билатерална средба со Националниот известувач за борба против трговија со луѓе на Република Грција, д-р Хераклес Москоф. Потенцирајќи дека дека зајакнувањето на соработката помеѓу двете национални тела за борба против трговијата со луѓе е јасна заедничка цел, националните координатори ја изразија својата подготвеност за иницирање на постапка за започнување на преговори за склучување на меморандум за соработка, кој ќе ја уреди соработката помеѓу двете држави во борбата против трговија со луѓе.