29/03/2024
Струга

Државниот секретар Азири го посети вториот меѓународен ликовен симпозиум „Струга 2018“

Државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири вчера го посети вториот меѓународен ликовен симпозиум „Струга 2018“, каде што учесници се околу 40-тина реномирани уметници од 20 разни држави…

Овој меѓународен настан е организиран од страна на Здружението за уметноста и култура SILINDAR’T со финансиска поддршка од Министерство за култура на Република Македонија, Општина Струга и други донатори додека куратор на симпозиумот е уметникот Бурхан Ахмети заедно со координаторите: Верим Зендели, Теута Хоџа Имери и Кристина Затуровска.

Државниот секретар Азири, ги поздрави присутните и им честиташе на организаторите за достигнување во областа на уметноста, поттикнувајќи ги уметниците да не престануваат со нивните проекти и дека Министерството за култура ќе продолжи да ги поддржува културните вредности кои преку уметниците се презентираат во земјата и пошироко.