26/04/2024
Македонија

Државниот секретар Несторовска на состанок на Советот на СЕЛЕК

Државниот секретар на Министерството за внатрешни работи м-р Магдалена Несторовска учествуваше на 16- тиот состанок на Советот на СЕЛЕК, кој се одржа, денеска во Букурешт, Романија. На состанокот, по претходно спроведена постапка од страна на СЕЛЕК, беше извршен избор на нов генерален директор. Имено, согласно Правилникот и Деловникот за работа на СЕЛЕК, г-ѓата Снејана Малеева од Република Бугарија со тајно гласање, беше избрана за нов генерален директор на СЕЛЕК. Исто така, на состанокот беа презентирани и извештаите за активностите кои СЕЛЕК ги презеде во првата половина на 2017 година, активностите во делот на спроведување на проектите во кои СЕЛЕК е вклучен како партнер, и се усвои и интерен Правилник за спроведување на проекти.

На денешниот состанок, Република Хрватска го најави своето формално повлекување од членство во СЕЛЕК, по усвојување на формалната одлука на седница на Владата на Република Хрватска.