20/04/2024
Македонија

Два нови конкурси на Министерството за култура

Министерството за култура на Република Македонија неделава ги распиша Конкурсот за доделување месечни надоместоци на самостојните уметници за 2018 година и Конкурсот за финансирање проект од национален интерес, Манифестација „Град на културата во 2018 година“. Рокот на аплицирање е 15 јануари 2018…

Со Конкурсот за самостојните уметници, Министерството го стимулира и го  помага  нивното уметничко творештво со тоа што обезбедува средства од Буџетот на РМ, како месечни надоместоци, за придонесите за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување и за персоналниот данок на доход за оваа категорија уметници.

Право на учество на Kонкурсот имаат самостојни уметници кои се регистрирани во Централниот регистар на РМ  како трговец – поединец самостоен уметник за вршење уметничка дејност во согласност со Законот за културата и со Законот за трговските друштва. Целосниот текст на конкурсот, пријавата, како и правилникот за самостојните уметници можат да се симнат и сочуваат на оваа објава:
 
 Конкурсот за финансирање проект од национален интерес, Манифестација „Град на културата во 2018 година“, Министерството за култура го распишува  со цел да се создадат услови за рамномерен културен развој и да се овозможи достапност на културните вредности за граѓаните, како и да се поттикне заживувањето на културата на локално ниво.
 
За оваа цел ќе бидат обезбеди средства од Буџетот на РМ, а на Конкурсот може да учествуваат општините во Македонија, со исклучок на градот Скопје и општините кои се дел од градот Скопје. Со пријавата, општините задолжително треба да достават и прецизна програма на манифестацијата со краток осврт на проектите кои се составен дел од програмата. Целосниот текст на конкурсот и пријавата можат да се симнат и сочуваат на следната врска: http://kultura.gov.mk/index.php/konkursi/3333————-2018-
 
Конкурсите се отворени до 15 јануари 2018 година.