29/03/2024
Спорт

Два златни и два сребрени медали за нашите каратисти на Европското првенство во Данска

Денес, во просториите на Агенцијата за млади и спорт, Директорот Дарко Каевски организираше прием за македонските каратисти од последното Европско карате првенство за кадети, јуниори и помлади сениори.

Каевски им го честиташе успехот на македонските херои и потенцираше дека нашите репрезентативци им покажале на европските карате сили дека Македонија била во врвот и ќе остане во врвот.

„Како што ветивме кога тргнавте, така и правиме. Гордо ве пречекуваме херои од 46-то Европско карате првенство за кадети, јуниори и помлади сениори. Денес е чест е денес да се биде рамо до рамо со европските шампиони во У-21 Петар Спасеновски, категорија до 84 кг и Доан Османи, категорија до 75 кг. и сребрени медалисти Давид Петков, јуниори категорија +76 кг. и Бојан Костов, кадети до 52 кг. Нашите каратисти уште еднаш им покажаа на европските карате сили дека Македонија била во врвот и ќе остане во врвот, а тоа нашите херои го докажаа на дело со овој успех. Да упатам голема благодарност и пофалби за стручниот штаб за посветената работа со нашите репрезентативци, а исто така сакам да упатам честитки за успешната организација и работа на Карате федерацијата на Македонија. На крај сакам да ги охрабрам и оние репрезентативци кои не успеаа да се закитат со некој медал, да продолжат со напорните тренинзи и посветено да тренираат, а резултатите ќе пристигнат,“ – изјави Каевски.