28/03/2024
Охрид

Двајца охриѓани заработија кривична пријава поради измама

Сектор за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Џ.Б.(39) и Р.Е.(28) од Охрид за сторено кривично дело “измама“.

Во текот на септември годинава 31 годишно лице од Белгија, по претходен договор со пријавените, го префрлил автомобилот на име на второпријавениот, по што требало откако, пријавените би го продале, да му пратaт пари, но од тогаш па се до пријавувањето двајцата осомничени не го исполниле договореното, со што предизвикале материјална штета од 522.750 денари.