18/04/2024
Охрид

Двајца повредени во сообраќајка кај Оровник

На осми февруари оваа година, во 18:45 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево во близина на селото Оровник, се случила сообраќајна незгода во која М.П. (23) и Л.С.(29), двајцата од Охрид, се здобиле со повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Во незгодата учествувале товарно моторно возило кое го напуштило местото на настанот и патничките моторни возила „Опел Астра“ со охридски регистарски таблици, управувано од повредената М.П. и „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управуван од повредениот Л.С..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.