28/03/2024
Охрид

Две жени го нарушиле јавниот ред и мир на ул.„Марко Цепенков“ во Охрид

На 30.05.2020 година околу 17 часот, на улицата „Марко Цепенков“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со карање, викање и фрлање предмети извршено од Љ.Ѓ. кон С.Ѓ .(54), двете од Охрид.

Претходно, на истата улица, околу 14 часот, се случила вербална расправија помеѓу С.Ѓ.(54) и С.Т.(22), двете од Охрид. Натамошниот тек на нарушувањето е спречено со интервенција на полициските службеници. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.