18/04/2024
Македонија

Единствена македонска монодрама вечерва на фестивалот во Битола

На претпоследниот фестивалски ден на Интернационалниот фестивал на монодрама Битола 2018, во официјална конкуренција ќе бидат изведени уште две монодрамски остварувања. Вечерва во 20 часот пред битолската публика ќе биде одиграна единствената македонска монодрама „Јас, Селма“, од авторот Милош Андоновски, кои воедно е и режисер на претставата, со актерката Симона Спировска. Во 22 часот ќе биде одиграна претставата „Мадам Мишима“ од Елена Алексиева, со актерот Михаил Милчев, кои доаѓаат од Артсенсориум, Софија, Бугарија.

Во изминатите два фестивалски дена, беа одриграни 5 монодрами: „Големо е моето срце“ со актерот Среќко Марчета од БиХ, „Контрабас“ со Шовги Гусеинов од Азербејџан, „Дивото дете во градот“ од САД во изведба на актерката Тјаша Ферме, „Однапред и одназад“ со актерот Матеуш Новак од Полска и „Сните на Хамлет“ со Александер Аладишев од Русија.

Жири комисијата предводена од претседателот Коле Ангеловски и членовите Нина Мазур и Весна Петрушевска, ќе имаат тешка задача, со оглед на тоа што досега беа прикажани многу квалитетни претстави, кои наидоа на одличен прием кај битолската публика, која и годинава во голем број и со голем интерес ги следи сите монодрамски изведби.

До крајот на фестивалот, останува уште утрешната последна монодрама „Ќиро Блажевиќ“, во изведба на Тарик Филиповиќ.