28/03/2024
Македонија

Една жртва и две лица повредени при пукање во Мала Речица

На 05.04.2018 година околу 18:20 часот пријавено е пукање од огнено оружје во с.Мала Речица, тетовско. Повредени биле Н.Р. (46) од с.Белановце, општина Липково, кој во Клиничката болница Тетово им подлегнал на повредите, Ф.М. (22) од с.Черкези, кумановско, кој бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје и С.Р.(41) од с.Белановце, општина Липково, кој бил задржан во болницата во Тетово. Приведени се четири лица и задржани во СВР Тетово за понатамошна постапка. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово и притоа биле пронајдени траги од крв, осум чаури од пиштолска муниција, еден неиспукан куршум од пиштолска муниција, три зрна од куршуми и една безбол палка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.