25/04/2024
Охрид

Едно лице загина во сообраќајка на патот Кичево – Охрид

На 23.05.2019 година околу 13,30 часот на региналниот пат Кичево -Охрид кај село Другово-кичевско, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управуванo од Г.Т. (63) од с.Куклиш-Струмица и мотоцикл „Сузуки’ со кичевски регистарски ознаки, управуван од К.А. (28) од с.Зајас-Кичево. На пат кон Клинички центар- Скопје во возило на Итна медицинска помош К.А. им подлегнал на повредите. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Кичево.