25/04/2024
Охрид

Едно лице повредено во сообраќајка на патот Охрид – Кичево кај Оровник

На 02.06.2019 во 12,55 часот било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај с.Оровник, се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус „Ман“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Т.С.(38) од с.Косел-охридско, патничко возило „Фолксваген “ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(75) од с.Злести-охридско, и патничко моторно возило „Хјундаи санта фе“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(66) од Битола.

Со тешки телесни повреди се здобил Н.Д. кој по укажаната лекарска помош во болницата „Свети Еразмо“ бил препратен во Општата болница Охрид. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Охрид.