25/04/2024
Струга

Едно лице загина, а пет се повредени во сообраќајна незгода кај Мислешево

Утрово во 05 часот и 45 минути, на магистралниот пат Подмоље-Струга, на крстосницата кај селото Мислешево, случена е сообраќајна незгода, во која едно лице го загуби животот, а пет други имаат телесни повредени.

Сообраќајната незгода, се случила помеѓу автобус со охридски регистарски ознаки и патнички автомобил „Шери“ со струшки регистарски ознаки, управуван од сега починатиот.

На местото на сообраќајнате незгода, увид изврши надлежен Јавен обвинител како и полициски екипи од полициската станица Струга.

Се преземаат мерки за идентификација на сега починатиот.