18/04/2024
Охрид

Еднодневен семинар за ИПА фондови

Се известуваат сите заинтересирани физички и правни лица дека во организација на Институт Концепт од Скопје се организира еднодневен семинар за ИПА фондови 5 компонента ИПАРД 2.

Семинарот ќе се одржи на 11 декември 2017 година (понеделник), 10:00-16:00 часот.

На семинарот ќе разговара околу барањата се за користење на средства од ИПАРД Програма2014 -2020 за следните мерки:

1.Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства

2.Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи

3.Диверзификација и развој на бизниси

Новата програма за апликација за финасиски средства од ИПАРД 2 има посебни можности за развој и започнување на различни дејности во Р. Македонија. Посебна предност на овој повик е можноста за апликација и во обновливи извори на енергија. На овој семинар ќе имате можност да се информирате за равој на бизнис идејата во проект, да стекнете вештини за подготовка и менаџирање со проект финасиран од ИПА, ќе добиете знаење за ефикасна подготовка на документација потребна за одобрување на ИПАРД проектите.

За кого е наменет овој семинар:

– овој семинар е наменет за сите заинтересирани физички и правни лица кои сакаат да се запознаат со програмата ИПАРД 2, кои имаат идеја и планираат да започнат бизнис, но немаат информации или пристап до финасии;

– за овој семинар не се потребни претходни вештини во пишување на проекти;

– за правни лица препорачливо е да бидат присутни менаџери или нивни заменици кои би го раководеле процесот на аплицирање.

За кои дејности се однесува овој семинар

– во ИПАРД 2 се финасираат физички и правни лица од примарно земјоделство, преработка на храна (винарии, млекари, млинови, кланици, месна индустрија, преработка на овошје и зеленчук);

– дејности за производство на енергија од обновливи извори, сонце, вода, биомаса исл.;

– туризам;

– занаетчиство;

– услуги – ветеринарни станици, козметика, игротеки, старски домови;

– производство на непрехрамбени производи – мебел, железо, мермер, градежни матерјали, хемиски производи за домаќинство, хемиски производи за нега и др.;

– пекари и производство на колачи торти и др. како и уште многу други дејности кои ќе бидат презентирани на семинарот.

Цената за еден учесник изнесува 5.000 денари, плус ДДВ. За секој нареден учесник од иста организација котизацијата изнесува 4.500 денари, плус ДДВ.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 7 декември 2017 година.

За сите дополнителни информации во врска со обуката слободно контактирајте со Канцеларијата за административни работи и стручна поддршка во развојот на земјоделството или на тел.046-230-175.