19/04/2024
Дебрца

Еднократна парична помош за брак и за новороденче во општина Дебрца

Со новиот Правилник за доделување на еднократна парична помош од Буџетот на општина Дебрца, меѓу другото предвидени се нови решенија за доделување еднократна субвенција за новороденче и склучување на брак, информираат од Локалната самоуправа.

Ако мајката родилка е вработена субвенцијата за новороденче изнесува 6.000 денари, ако мајката родилка е невработена субвенцијата изнесува 10.000 денари.

„Воведовме субвенција за секој склучен брак, а не како досегашното решение за склучен брак на лица над 35 годишна возраст. Ако еден или двајцата брачни другари се вработени субвенцијата изнесува 6.000 денари, ако брачните другари се невработени субвенцијата изнесува 10.000 денари.“-  велат од Локалната самоуправа.

WebOhrid