ЕФСА подготви едукативен анимиран филм за Африканска чума кај свињите

Европската агенција за безбедност на храна – ЕФСА, подготви едукативен анимиран филм со практични совети за препознавање на симптомите болеста Африканска свинска чума, за превентивните мерки кои треба да се преземат со цел спречување на нејзина појава и ширење, за симптомите по кои болеста може да се препознае.

Во видеото објаснети се начините на пренесување на вирусот и обврските кои ги имаат одгледувачите на свињи за пријавување на болеста. 

Едукативниот анимиран филм за Африканска свинска чума можете да го погледнете ОВДЕ.