18/04/2024
Охрид

Египќаните на средба со Евроамбасадорот Самуил Жбогар

Делегација на  Египќаните од Македонија денес оствари средба со евроамбасадорот Н.Е. Самуил Жбогар. На средбата амбасадорот Жбогар беше запознаен со положбата на Египќаните во Македонија, а пред се во Охрид. На амбасадорот му беа презентирани активностите во делот на културата, образованието, институционалната интеграција како и степенот на остварување на основните човекови права и слободи и недискриминацијата  во Република Македонија, а стана збор и за положбата на оваа заедница во македонското општество, како проблемите и предизвиците со кои се соочуват.

На средбата која се одржа во седиштето на Мисијата на Европската Унија во Скопје присуствуваа Демир Далип – НВО Коалиција,  Арбен  Демироски – здружение Египќани Пирамида,  Бесим Демиров –  советникот од Египќаните во Советот на Општина Охрид  и Сенат Усеиноски – секретар на здружението.