20/04/2024
Дебрца

Екипите на ЈКП „Дебрца“ вршеа дезинфекција на јавните површини

➡️Согласно препораките за превенција од ширењето на Корона вирусот Ковид-19 денес екипите на ЈКП „Дебрца” Белчишта, со припомош на ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид презедоа превентивни активности за дезинфекција на јавните површини во дел од населените места во општина Дебрца ( Велмеј, Лешани, Злести, Белчишта, Ботун, Климештани, Мешеишта, Волино, Требеништа, Горенци и Оровник ).

➡️Со средство за дезинфекција беа третирани главните сообраќајници и плоштадите, односно јавни површини по кои се одвива редовен превоз на патници и каде што има поголема фрекфенција на движење.

➡️Во понеделник вакви превентивни активности ќе се преземат и во другите населени места.

➡️Изразуваме благодарност до екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ и Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески за помошта и соработката, а во интерес на заштита на здравјето на нашите граѓани.

До граѓаните уште еднаш упатуваме АПЕЛ максимално да ги почитуваат препораките и мерките на Владата и Министерството за здравство и да постапуваат во согласност со истите.

Јавното здравје е наша заедничка одговорност.

Од нас зависи !✅  – информираат од ЈКП „Дебрца“.