Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ интензивно го расчистуваат снегот

Снегот кој континуирано паѓа во изминатото деноноќие непрекинато создава нова снежна покривка, па  службите на ЈП „Охридски Комуналец“ се максимално ангажирани. Во повеќе наврати се расчистуваат сообраќајниците и тротоарите како би се обезбедиле услови за проодност и движење на возилата и пешаците.

„Се работеше цела ноќ, а од рано утринава повторно се расчистуваат чаршијата, тротоарите и се обезбедува пристап до објектите од витално значење и нормално функционирање на градот.“- велат од претпријатието.

И покрај тешките временски услови во изминатото деноноќие, вработените во координација со менаџерскиот тим ја докажаа својата мотивираност  и  тимска работа.