29/03/2024
Спорт

Екипно првенство на Македонија за млади до 16 години во шах за 2018 година

Од 17ти ноември до 2ри декември во ООУ „Наум Наумоски Борче“ во Маџари Скопје се одржа екипно првенство на Македонија за млади до 16 години во шах за 2018 година.

На првенството учествуваа 8 екипи, се играше на 4 табли, од кои на една табла беше задолжително да игра девојче, со право на две замени и темпо на игра 60 минути + 30 секунди додаток на потег. ШК „ЛАСКЕР“ од Охрид на првенството го освои 5то место.