28/03/2024
Охрид

ЕКСКЛУЗИВНО: Мешовити Американско-Македонски безбедносни тимови се грижат за безбедноста на градоначалникот на Охрид Георгиевски

Уредбата на владата со законска сила, со која уредба се прецизираше отстранувањето на дивоградбите, во подземно криминалните кругови внесе голем немир.

Градоначалникот на Охрид започна со спроведување на Уредбата на Владата со законска сила, со што започна отстранувањето на дивоизградените објекти во Општина Охрид.

Ниту еден функционер, градоначалник не сака да руши објекти, истите од месец во месец стануваа побројни, поради силината на градежната мафија, а богами и спрегата на нарко клановите, кој долги години со уцени, заплашувања врз градоначалниците, само ги зголемувале обемите на своите дивоградби?!

Дел од сопствениците на дивоизградените објекти, јавно упатуваа закани адресирани до градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски, со што се прелеа чашата не само кај државните безбедносни служби, туку и кај амбасадорскиот Кор, а за заканите посебен извештај изготвило безбедносното аташе при амбасадата на САД во РСМ, кој извештај бил дебело аргументиран и предаден и на безбедносните служби во РСМ.

Врз основа на член 127 од Законот за полиција, од март  месец 2014 Владата на Република Македонија, а врз основа на претходна безбедносна проценка изготвена од Министерството за внатрешни работи, градоначалникот на Охрид, неговото семејство, доделено му е посебно постојано обезбедување од највисок безбедносен степен. Согалсно безбедносните протоколи, редакцијата ОхридСкај дознава дека за личната безбедност на градоначалникот на Охрид Георгиески и неговото семејство постојано се ангажирани 14 лица во 3 смени, кој формираат 4 степен прстен внатрешен и надворешен за заштита на неговата безбедност. Како што дознаваме од страна на безбедносните служби на Амбасадата на САД во РСМ, формиран е посебен безбедносен тим, а кој тим се грижи 24/7 за безбеднсота на Георгиевски и на неговото семејство, а кој тим има тесна 24 часовна соработка со безбедносниот тим на МВР, кој два тима се лоцирани во Охрид.

Како што дознава редакцијата Охридскај од свои извори, Георгиевски безбедносно е покриен на начин што, тимовите на терен се невидливи, а секогаш се тука во негова близина, спремни веднаш да реагираат и на најмала опасност врз Георгиевски и неговото семјество, дури и кога Георгиевски или челнови на неговото семејство се во движење со возила, ниту тогаш Георгиевски и неговото семејство не се оставени на случајност. Пред една година МВР испрати тим кој се грижеше за безбедноста на Георгиевски, во време кога Георгиевски беше под перманентни закана и на дел од охридското криминално милие, но тогаш припадниците на МВР беа видливи, а криминалците го променија начинот на упатување на закани.

Како што дознава редакцијата Охридскај, тимовите кои се лично обезбедување на Георгиевски и неговото семејство се составени од врвни професионалци, кој поминале специјални обуки во земјите членки на ЕУ и цо САД, за обезбедување на имот и лица од ВИП карактер.

извор: Редакција Охридскај С.Д.