19/04/2024
Спорт

Елиф Елмас го постигна својот гол-првенец за Фенербахче

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го постигна својот гол-првенец за тимот на Фенербахче.

Денес, Фенербахче гостуваше кај Коњаспор. Тоа беше дуел и на двајцата наши интернационалци, Адис Јаховиќ – Коњаспор против Елиф Елмас – Фенербахче.

Елмас влезе во игра во 61 минута, а веќе во 67 ја затресе мрежата на Коњаспор, со што го постави и конечниот резултат 0:1 за Фенербахче.

WebOhrid